На прес конференција што ќе се одржи денеска, ќе бидат промовирани едукативно-рекреативните патеки на Националниот парк “Галичица“.
Проектот е реализиран согласно Стратегијата за одржлив развој на туризам, и дефинираниот приоритет за промоција на алтернативни форми на туризам и рурален развој на Општина Охрид.
Промоцијата е организирана во партнерство помеѓу ГТЗ-МЕД Германија, “Ј.У. Национален Парк Галичица” и Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.