Документарен филм „Собирај, селектирај и рециклирај-научи за ПЕТ во општина Охрид“, ќе биде промовиран денеска во х. „Ривиера“.
Филмот е направен во рамките на проектот за селектирање ПЕТ амбалажа и примарно рециклирање што во јуни годинава го започнаа општината, „Охридски комуналец“ и еколошкото друштво „Јагода“, со поддршка на американската агенција за меѓународен развој-УСАИД.
Целта на проектот е преку различни форми и активности да ја подигне еколошката свет кај граѓаните.