Во рамки на програмата на „Научно уметничката визита 2015“ која во организација на МАНУ се одржува во Куќата на Уранија, во сабота на 15-ти август со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на делото „Курбиново“ од академик Цветан Грозданов. Промотор на книгата ќе биде академик Владо Камбовски.
Според најавите , на 18-ти август во Куќата на Уранија ќе се одржи промоција на четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски. Промотор на книгата ќе биде академик Катица Ќулавкова. Оваа промоција е дел и од програмата на фестивалот Охридско лето.
OhridNews