Во рамки на програмата на „Научно уметничката визита 2015“ која во организација на МАНУ се одржува во Куќата на Уранија, вечерва со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на делото „Курбиново“ од академик Цветан Грозданов. Промотор на книгата ќе биде академик Владо Камбовски.

Цветан Грозданов бил прв министер за култура на Македонија и поранешен Претседател на Македонската академија на науките и уметностите во периодот од 2004 до 2008 година. По крајот на својот мандат, академикот Цветан Грозданов бил избран за претседател на Советот за култура.

Грозданов е роден во 1935 година во Охрид. Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Белград, на групата за историја на уметноста. Специјализирал историја на византиската уметност во Париз. До пензионирањето, во 2001 година, бил редовен професор на скопскиот Филозофски факултет. Член е на МАНУ од 1991 година. Грозданов е специјалист по византологија. Во 2004 година од страна на Софискиот универзитет бил награден со „доктор хонорис кауза“

Според најавите , на 18-ти август во Куќата на Уранија ќе се одржи промоција на четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски. Промотор на книгата ќе биде академик Катица Ќулавкова. Оваа промоција е дел и од програмата на фестивалот Охридско лето.

OhridNews