На белградскиот Саем на книгата, утре ќе  се одржи промоција на книгата “Мерач речи” (Мерач на зоборовите) од охридскиот писател Славе Ѓорго Димоски, во издание на „АРКА“.


Книгата е обемен избор од неговото поетско творештво, што го направи и преведе Ристо Василевски, а со предговор го проследи критичарот Душан Стојковиќ. Книгата ќе ја промовираат Душан Стојковиќ, Данило Коцевски, Милурко Вукадиновиќ, Радомир Андриќ и Ристо Василевски.


Добриот одзив на книгата во српските книжевни кругови придонесе во тековната година да се објави уште една книга од Славе Ѓорѓо Димоски, овој пат во издание на „ГРАМАТИК“ и во популарната едиција џепни изданија “Мала книга”. За оваа книга интересно е што се појавуваат група преведувачи и препејувачи. Првите примероци ќе бидат претставени на Саемот во Белград во сабота.

OhridNews