Рома на Олимпико го пречекува Милан во дербито на колото на Италија кое е во центарот на вниманието поради дебито во црвено црниот дрес, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и Англсиката репрезентација Дејвид Бекам.

Ранетата волчица ќе настапи без најдобриот поединец Франческо Тоти додека Милан не може да смета на фајтерот Џенаро Гатузо. Миланезите одлично ја започнаа сезоната и беа лидери, но неколкуте непланирани киксови најдобро ги искористија “нероазурите“. Волчицата по слабиот почеток се консолидираше па врза победи  во серија и се сега се наоѓа во средината на табелата.

Македонскиот интернационалец Горан Пандев првиот натпревар во  дресот на Лацио во новата година ќе го одигра во Реџо Калабрија против Реџина.  Пандев во досегашниот дел од сезоната има постигнато пет гола.

Лидерот  на табелата во Сериа А Интер предводен од маестралниот Ибрахимовиќ има солидна предност од шест бодови пред Јувентус и девет бодови пред градскиот ривал Милан. Нероазурите ќе го понесат епитот есенски шампион.

Сабота
18:00 Џенова – Торино
20:30 Интер – Каљари

Недела
15:00 Болоња – Киево, Наполи – Катанија, Палермо – Аталанта, Јувентус – Сиена, Реџина – Лацио, Удинезе – Сампдорија, Фиорентина – Лече

20:30 Рома – Милан

Табела: Интер 42 бодови, Јувентус 36, Милан 33, Фиорентина 32, Наполи 30

М.П.