Утре во 12 часот во центарот на општина Вевчани кај „Пазариште“, ќе биде промовиран деби албумот на оркестарот „Зурли и тапани“.

Во изданието се поместени седум изворни музички творби, а како што велат членовите на оркестарот, деби албумот претставува поттик повеќе за во иднина.

„Утре, заедно со моите колеги од оркестарот: Спасе, Стефан и Душко го промовираме и нашето прво ЦД на кое се снимени 7 изворни музички творби. За нас ова ЦД претставува голема радост, но и  обврска за уште многу други понатака.“ – вели Славе  Кукоски, шеф на оркестарот од Вевчани.

Овој оркестар го сочинуваат млади луѓе, членови на КУД „Дримкол“ и вљубеници во изворната вевчанска музика и почитувачи на традиционалното македонско музичко и културно наследство.

Со музика почнав да се занимавам уште пред многу години кога од играорниот состав на КУД ,,Дримкол,, преминав во оркестарот на друштвото. Започнав со музицирање на кларинет, но паралелно на тој инструмент почнав да ги свирам и гајдата и зурлата. Пред петнаесет години се роди потреба и желба, па го формиравме овој оркестар со зурли и тапани, кој низ годините еволуирајќи претрпе неколку измени и во смисол на членовите во него и во смисол на музичкиот стил, за конечно денес да го има овој изглед.“ – додава Кукоски.

OhridNews