Охридската група “HARDFACED” денеска ќе го промовира својот деби-албум “More Than Hate” во клубот “Кастро” во Скопје. По тој повод групата ќе одржи концерт на кој ќе биде отсвирен целиот матерјал од деби албумот.
Влезниците за концертот се продаваат по цена од 100 денари, а обожавателите на “HARDFACED” албумот”More Than Hate” по цена од 150 денари ќе можат да го купат на специјално подготвениот штанд на кој ќе се продаваат и маици со логото на групата кои ќе чинат 300 денари. Како гости на концертот ке настапат бендовите “Better Decision”-Скопје и кумановците “Endless Effort”.
Групата “HARDFACED” постои од 2004 година. Со својот препознатлив harcore-стил и извонредниот настап на двајцата вокалисти “HARDFACED” стана еден од најпрепознатливите домашни бендови.
Нивниот прв настап беше на “Rock fest 2004”, каде следната година станаа победници во избор на жирито. “HARDFACED” учествуваа и на “Лузер Фест”, а имаат и неколку заеднички настапи сo скопските состави “Smut” и “Dedicated For Life “. “HARDFACED” настапиле и со неколку балкански бендови, како што се “Last Hope” од Бугарија и “Hang” од Србија.