Во рамки на манифестацијата “Прличеви беседи 2015“, која започна денес, во охридската библиотека “ Григор Прличев“ се изврши промоција ЦД изданието за животот и делото на Прличев, по објавувањето на поемата „ Сердарот“. Автор на ЦД- то е директорката на библиотеката Александра Белевска, техничката обработка е на Славчо Спростран, а издавањето е помогнато од министерството за култура.

– Материјалот интензивно се подготвуваше два месеца користејќи литература која е во сопственост на библиотеката.  Направени се 30 примероци кои ќе се издаваат заедно со аудио изданието кое беше објавено минатата година, а во кое е опфатен животот на Прличев пред објавувањето на „ Сердарот“, односно неговото детство и младешки години, изјави Белевска .

Објавените ЦД претставуваат прв материјал кој го поседува библиотеката во аудио форма, а кој се однесува на животот и делото на поетот од неговото раѓање до смртта.

OhridNews