Како дел од програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival денеска беше организиран настанот „Флотила“- Промотивно едрење по Охриското Езеро.
За сите заинтересирани граѓани и туристи беше обезбедена промотивна прошетка со едрилица на потегот од Градското пристаниште до Кампот за обука на вода и населбата Канео.
Настанот беше организиран од страна на јахтинг клубот Ohrid Lake Sailing.
Утре во рамки на програмата се настаните: игри во вода, регата со традиционални охридски кајчиња, промоција на водени спортови, „Неверојатните можности на човечкиот дух“, изложба насловена „Нуркачки локации во Охридското Езеро“, како и концерт на Емилија Колоска & Балтер.
OhridNews