Едриличарската Федерација на Македонија, во соработка со едриличарските клубови, а со поддршка на ИМЕ-Increasing Market Employability организира промотивна двочасовна тура со едрење за туристички агенции, заинтересирани за соработка и вклучување на едрењето во својата понуда.

Ве покануваме во сабота, 24 јуни, во 10.00 часот на градското пристаниште да ни се придружите на оваа промотивна тура и подетално да се запознаете со понудата и нашата визија за иден развој на наутичкиот туризам, како носител на развојот на туризмот, економскиот развој на локалната заедница и развојот на спортското едрење, велат организаторите.

Додаваат дека со оглед на тоа што бројот на местата е ограничен пријавите на заинтересираните ги очекуваат на [email protected] или на тел.број 078269041, најдоцна до петок.

OhridNews