Излезе од печат монографијата „Храмот на Успение на Пресвета Богородица во село Ботун“. Ова капитално и научно дело е труд на повеќе докажани научници и истражувачи, стручни во својата област, д-р Сашо Цветковски, д-р Виктор Недески, д-р Викторија Поповска Коробар, д-р Емилија Апостолова Чаловска, м-р Илија Шапкароски и отец Александар Димоски.

Промоцијата на монографијата е закажана во сабота, 16 декември во храмот Успение на Пресвета Богородица во село Ботун, каде од 08:45 часот ќе се отслужи света Архиерејска Литургија на која ќе чиноначалствува Митрополитot г.г. Тимотеј, по што од 11:15 часот во црковната сала ќе се одржи промоцијата.

Промотор на монографијата ќе биде д-р Јехона Спахиу Јанчевска.

OhridNews