Книгата насловена The Early Christian Mosaics in the Ohrid region (Ранохристијанските мозаици во Охридскиот регион) од Мишко Тутковски денеска во 13 часот ќе биде промовирана во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Публикувањето на книгата е финансирано од Универзитетот Сорбона во Париз и од Министерството за култура на РС Македонија, во издание на издавачката куќа „Каламус“.

Промотори на книжевното дело се проф. д-р Елизабета Димитрова од Филозофскиот факултет во Скопје и д-р Мари-Патриција Рејно од Националниот центар за научни истражувања во Париз.

OhridNews