Денеска во Охрид ќе биде промовирана книгата „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро“ од познатиот спортски работник Здравко Тупаре.
Во книгата се поместени интересни информации за пловните објекти на Охридското Езеро, како и историски факти за спортските достигнувања на охридските веслачи, но и во Македонија.
Промоцијата на книгата ќе се одржи денеска, сабота, во кафетеријата „Босфор“ со почеток во 12:30 часот.
Г.М.