Со промоција на втората книгата „За македонистиката отворено“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов денес започнуваат свеченостите на Општина Охрид по повод одбележување на 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12 часот, а промотор ќе биде д-р Бобан Карапејовски.

Свеченоста по повод празникот ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, како и културно-уметничка програма.

Утре, 23-ти октомври од 10 часот во Градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери.

OhridNews