Во рамки на програмата на Општина Охрид и Сојузот на борци за одбележување на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, денес ќе се одржи промоција на книгата „Тие доаѓаат“.
Книгата е создадена од учениците од основните и средните училишта во Охрид и станува збор за трето дело. Промоцијата ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид.
Утре, пак, во 18 часот ќе биде одржана промоција за книгата „Модра мрежа“ од авторката Марина Икономова Шоќева во кафе бар „Шила“.
OhridNews