кафѐ и бар „Шила“

Од 03.09.2020 - 19:00 до 03.09.2020 - 21:00

Во четврток, 3 септември од 19:00 часот во кафѐ и бар „Шила“ во рамки на алтернативното културно лето “Културолошка Иницијатива 5 до 12 – Охрид“, ќе се оддржи промоција на збирката раскази „Неми филмови“ на Димитар Димоски и поетската вечер “Имам нешто да ти кажам“ поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор.

Заинтересираните поети можат да се пријават на следниот линк.

Бројот на учесници е ограничен на 10, а посетителите треба однапред да резервираат место. И учесниците и посетителите задолжително треба да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, информираат организаторите.

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуален бар и кафѐ кој се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид. „Ги охрабруваме креативците од сите сфери да нѐ контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма“– порачуваат од менаџерскот тим на „Шила“.

OhridNews