Од 2 до 4 јуни година Општина Струга учествува на 4-тото издание на Меѓународниот саем за туризам во Тирана во ЕкспоСити.
За време на саемот нашата општина ја претставува својата туристичка понуда, најпрво, природните убавини, потоа културното наследство, гостопримството, но и одличните услови за престој и одмор, особено многу поволните цени на туристичките услуги и производи, информираат од Општина Струга.
Воедно велат на саемот ќе бидат поканети граѓаните на Албанија и пошироко да ја посетат Струга и да поминат пријатни одмори.
OhridNews