Промоција на стихозбирката „Љубов“ од група автори утре во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Во неа се содржани околу 50 песни од исто толку македонски автори. На промоцијата дел од автори ќе ги прочитаат своите творби и ќе добијат по еден бесплатен примерок од неа откако ќе се случи промоцијата. Свој перформанс ќе има и естрадниот уметник, познатиот Драган Мијалковски, кој и самиот е канавтор, информираат од Библиотеката.

Инаку, книгата е издадена на предлог од Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, а поддржана е од МаБиХ Македонија и Вера М Самарјанин и е резултат на распишаниот заеднички поетски конкурсот на тема: „Љубов“.

OhridNews