Вечерва, во 20.00 часот, во рамки на манифестацијата ЛУНУС во „Култура 365“ на ул. „Самоилова“ во Охрид ќе се одржи првата промоција на стихозбирката „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска, издание на ПНВ Публикации.
- Поезија на крвта и поезија од телото на тело. Експлоративна поезија на телото кое учи да биде тело, во пограничјата, во ограничувата, во границите, во среќавањата. Поезија којашто ги изучува телата како географски карти. Поезија што се предава пред магматската потреба да се сака и да се биде сакан, иако јазиците – зборовите, намерите, гестовите – се чини како намерно да биле створени за воопшто да не сакаат да се разберат, вели за делото Тицијано Фратус.
Оваа стихозбирка годинава се најде и во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци” што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата.
Книгата ќе ја претстави проф. д-р Димитар Пандев.
OhridNews