Кампањата за справување со непријавената работа, под слоганот „За да имаш подобар персонал – грижи се подобро за персоналот“ ќе биде промовирана денеска.

Главната цел на кампањата е подигнување на свеста во јавноста, кај работодавачите и кај работниците, за негативните последици од ангажирање на непријавени работници.

Ќе бидат објавени и нови мерки за зголемување на бројот на работници со регулиран работен однос во туристичко-угостителскиот сектор, кој беше еден од најпогодените од последиците од Ковид 19 пандемијата.

Кампањата е во организација на Економско-социјалниот совет, со поддршка од Меѓународната организација на трудот, а финансирана од страна на ЕУ.

OhridNews