– Денски прометот сега е помал двојно во однос на истиот период минатата година, а навечер за 15 до 20 проценти, велат угостителите со кои раговараше екипата на Ohridnews.
Неодамна Охрид го посети министерот за економија, Фатмир Бесими, кому угостителите од градот му се пожалија на негативните ефекти од Законот заштита од пушењето. Министерот истакна дека тоа е само краткорочна последица, додека на долгорочен план, според него, законот ќе ги постигне посакуваните ефекти, а состојбите во угостителскиот бизнис ќе се стабилизираат.