Целосниот промет на интернетот доживеа пад од неверојани 40% кога во вечерашните часови сите сервиси на “Google” станаа недостапни во интервал помеѓу една и пет минути.
Причината поради која се случи овој проблем е непозната, а “Google” одби да сподели повеќе информации.
Без разлика на причината преку овој настан можеше да се забележи колкава е зависноста на интернет корисни од оваа компанија и нејзините сервиси во кои влегуваат “Gmail”, “Google Drive” и многу други.