Времето денеска во Охрид ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, ќе има локални врнежи од дожд. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 10 степени Целзиусови.
Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе се движи во интервал од 4-8 степени.
Во недела ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -1 до 6, а дневната од 8 до 15 степени. Слично време ќе имаме и во понеделник, сончево со умерена облачност, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во вечерните часови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе се движи од -2 до 4, а дневната од 7 до 14 степени, информира УХМР.
OhridNews