Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 27 C°, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во Охрид се очекува променливо облачно време со температура до 28 степени C°.
OhridNews