Во првите денови од новата работна седмица ќе преовладува променливо време, што ќе придонесе за пад на температурите, особено на утринските.

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната тепература во Охридскиот регион ќе достигне до 24 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8.

Во вторник ќе преовладува претежно облачно, свежо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава. Минималната темература ќе се спушти до деветтиот степен, а максималната ќе се движи во интервал од 18 до 26 степени.

OhridNews