Променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини со појава на слаба магла. Попладне ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 10 степени.
Во понеделник не очекува променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд кој повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Слаб снег ќе има и преку ноќта понекаде во планинските региони.
Минималната температатура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне 6 степени.
Г.М.