Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, во вечерните и ноќните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално, особено во западните делови ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од регионот нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе достигне 22 степени.
Г.М.