Времето денска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Охрид променливо облачно време. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 12 степени.
Во петок на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2). Ќе дува повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.
OhridNews