Синоптичарите за денес најавуваат променливо облачно време со услови за дожд. Температурата во Охрид ќе се движи во интервал од 0 до 9 степени целзиусови.
Претпладне сончеви периоди, особено во источниот дел од државата, а од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.
И утре не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, претежно во крајните планински региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
OhridNews