Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.
Во Охрид времето ќе биде променливо облачно со услови за дожд. Минималната температура од 1, а максмималната до 11.
До вторник времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе започнат утре попладне, а ќе бидат пообилни во понеделник (на повеќе места над 20 л/м2). Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка. Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето.
OhridNews