Променливо облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Претпладне процесите ќе бидат поинтензивни во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 24 степени.
Во Охрид времето денес променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 178 степени.
Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и во сабота во текот на денот. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).
OhridNews