Променливо облачно со слаб локален дожд, преку ноќта понекаде на повисоките планини ќе провејува слаб снег. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Во Охрид времето денес променливо облачно. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Преку ноќта и утре поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на слаб снег и до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува. Во среда и четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има појава на слаб дожд, на планините од слаб снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање.
OhridNews