Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Охрид времето променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе биде -5, а максималната 4 степени.

До крајот на работната седмица ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат ниски, особено кон средината на неделата, кога на места ќе се спуштат под -10 степени, велат од УХМР.

OhridNews