Променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд, кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м2 за 12 часа). На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец.
Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата во интервал од 7 до 13 степени.
До вторник претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, особено денес попладне, кога во западните делови на повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог за 12 часа. Денес ќе дува засилен јужен ветер.
Под влијание на студена воздушна маса, во вторник ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Во утринските часови на планините и на повисоките места особено на запад ќе има врнежи од снег, а можно е снег да провее и на некои пониски места. Од вторник попладне ќе настапи разведрување, па во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни, велат од УХМР.
OhridNews