Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 2 до 11 степени.
Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде 7, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Следните деновите ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места и особено на југоисток ќе бидат поројни. Од утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер (над 60 км/час) од јужен правец, што за време на викендот ќе услови повисоки температури, велат од УХМР.
OhridNews