Променливо облачно време, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Охрид времето променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Утре попладне во западните и јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури значително ќе опаднат.

OhridNews