Претпладне времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.

Во Охрид, променливо облачно време. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Во недела и понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.

 

OhridNews