Времето во државава денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните делови ќе има појава на локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови краткотрајно засилен североисточен ветер.

Во Охрид денеска не очекува променливо облачно време со дожд. Температурата ќе се движи во интервал од 13 до 21 степен целзиусов.

Од утре ќе дува и слаб до умерен, а на места краткотрајно засилен ветер најчесто од североисточен правец. Во среда температурите ќе бидат за неколку степени пониски, а потоа во ноќта кон четврток ќе има зголемена облачност и појава на локален дожд.

К.А.