Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно од пладневните часови со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени, во Охрид до 15 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Условите за појава на краткотраен дожд утре ќе се намалат, а во вторник времето повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд. Температурите до вторник ќе бидат без некои поголеми промени. Во среда се очекуваат врнежи од дожд, ќе започне да дува северен ветер, поради што се очекува благ пад на дневната температура.

OhridNews