Променливо облачно со локални врнежи од дожд, главно во западните и источните делови од земјава, а во централните делови ќе има повеќе сончеви периоди. На планините врнежите ќе бидат од снег. На истокот на места се очекуваат краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Охрид времето променливо облачно со локални врнежи од дожд. Температурата во интервал од 3 до 7 степени.
Во сабота преку целиот ден ќе има нови пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка. Во недела ќе провејува слаб снег, а од понеделник следува период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер, велат од УХМР.
OhridNews