Времето денес ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Охрид ќе преовладува облачно време со сончеви периоди. Температурата ќе се движи во интервал од -2 до 4 степени целзиусови.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег и ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

 

OhridNews