Променливо облачно, ветровито и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h), особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 10 степени.
Во Охрид времето денес променливо облачно. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Денес ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h), а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.
OhridNews