Променливо облачно и студено, со повремен локален дожд, а на планините и на некои повисоки места повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Охрид променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 15 степени.
Следува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег.
OhridNews