Променливо облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.
Во Охрид променливо облачно со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.
Попладне под влијание на циклонска активност од запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Утре поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.
OhridNews