Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Охрид променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 11 степени.

Во следните денови наутро ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди.

OhridNews