Претпладне во западните делови променливо облачно, а во источните сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне наместа ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.
Во Охрид времето денес променливо облачно со услови за дожд. Максималната температура до 20 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, денес попладне и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето.
OhridNews