Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УБ индексот ќе изнесува 7.
Во Охрид времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.
За време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
OhridNews