Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи. Особено попладне и локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Охрид времето денес променливо облачно со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.
До петок времето ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Во сабота ќе биде краткотрајно претежно стабилно, а потоа се очеку променливо време со послаба нестабилност.
OhridNews