Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Во Охрид променливо облачно со услови за дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 20 степени.

OhridNews